Македонските репрезентативци загубија убедливо на отворањето на Светското првенство од Шведска со 32-20.
Левиот бек Филип Талески вели дека знае што очекува македонската јавност, но бара уште малку трпение.
„На треба да бараме изговори за првиот меч. Како да не бевме на терен, не направивме ништо. Не се држевме до тоа што догворивме. Не гиневме еден за друг, колку и да бевме лоши во напад, не се враќавме брзо во одбрана и Шведска ја направи разлиакта во контранападите. Цела македонската јавност сака да пружиме најдобро на терен, и ние сами, но на моменти тоа не можеме да го спроведеме, самите сме виновни. Но пак ќе кажам имајте трпение со нас, мора да се изградиме и да сфатиме дека од нас зависи се и да преземеме се во наши раце“, вели Талески.
Натпреварот од второто коло против Египет се игра утревечер со почеток во 18:00 часот, додека со Чиле ќе играме на 18 јануари.