Македонија го претрпе вториот пораз на деби натпреварот на Светските првенства, но за разлика од дуелот во 2009 година денеска поразот беше превисок од 20:32 против Шведска.
Надежите дека ќе може да се парира на Швеѓаните кои на ова првенство не се во најсилен состав почнаа да се смируваат после 15 минути игра откако Швеѓаните направија 5:0 серија. Овие лоши минути во нападот придонесоа и противникот да си воспостави целосна контрола на играта така што во продолжение беше навистина тешко да се парира и да се дојде до подобар резултат.
Петте гола се одржува до крајот на првото полувреме, а после 16:11 на одмор на почетокот на вториот дел набрзина се дојде до зголемување на предноста. Немаше течност во играта, одново немаше доволно жар и некако премногу лесно се оставаше простор за противникот.
Шведска играше максимално ангажирано, па лесно успеа да стигне до погодоци со кои брзе се обезбеди двоцифрена предност. Првпат се стигна до десет гола разлика при 24:14, кога Томовски одбрани неколку топки, но не беше искорестена шансата да се продолжи со серијата, па се застана на 24:17.
Тие неколку минути како да беа сè бидејќи во продолжение се загуби чекорот, па Швеѓаните одново дојдоа до плус десет и постојано беа на 9-10 гола разлика така што имаа мирна завршница. Македонија дефинитивно имаше тешко отворање, па јасно е дека викендов против Египет ќе мора да се одигра многу подобро, а в понеделник против Чиле да се бара играта со која ќе се обезбеди втор круг.
На крајот конечните, 20:32 се дури и превисоки, а она што беше прикажано треба да биде поука за следните дуели. Ќе мора да се поправа многу ако се сака нешто плус на овој шампионат, но ќе мора да се смени и пристапот кај повеќето од ракометарите.