Кире Лазаров останува кралот на стрелците на Светските првенства, а на натперварот против Шведска на Мундијалот во Египет 2021 постави нова недостижна цел пред најдобрите ракометари од целиот свет.
Со првиот гол од седмерец Лазаров се запиша во историјата на Мундијалите како играч кој постигнал голови во четири различни декади, откако првиот гол исто така го постигна во Египет на првенствово во 1999 година кога имаше 19 години.
Капитенот исто така беше стрелец на Светско првенство за Македонија и во 2009 година во Хрватска, потоа следуваше првенството во Шпанија 2013, Катар 2015, Франција 2017 и Германија и Данска во 2019 година.
Со погодоците против Шведска, Лазаров нарави подвиг кој многу тешко ќе биде достигнат во иднина. Тој и на 40 години не престанува да ги кине мрежите на противниците, сепак на мечот со Шведска нашата репрезентација мораше да се помири со пораз.