Нема да мине СП без корона, па дури и во балон – двајца позитивни во Словенија

Селекцијата на Словенија и селекторот Љубомир Врањеш се соочуваат со голем проблем пред првиот натпревар на Мундијалот во Египет.

На последните тестирања во Каиро, Словенците добија лоши вести, бидејќи двајца ракометари имаа позитивни тестови на коронавирус.

Станува збор за Тилен Кодрин и Урх Кастелиц, кои веќе се во изолација и нема да бидат дел од вечерашниот дуел против Јужна Кореја.

Сепак и без нив Словенија останува голем фаворит, со оглед на тоа што Кореја пристигна во Египет со Б тим. Натпреварот се игра од 18:00 часот.