Репрезентацијата на Македонија ги одбројува последните саати до одигрувањето на првата средба на Светското првенство вечерва против селекцијата на Шведска од 20:30 часот.
Ракометарите веќе се подготвуваат за овој дуел, а денеска го имаа и единствениот тренинг пред натпреварот.
Што и како се случува информираше спортскиот директор на репрезентацијата Левче Китевски.
„Здравствениот билтен на ракометарките е добар. Направени беа тестови уште во автобус и потоа одново во хотелот каде што сме сместени. По полноќ се сместивме во соби, а спортските услови не се на ниво за едно Светско првенство. Имавме тренинг утровово во 10 часот, но загубивме многу време со возењето кое е проблематично. За возење од 50 минути загубивме четири часа. Проблем е и тоа што во хотелот има и други гости така што мораме да бидеме внимателни за здравјето“, вели спортскиот директор на репрезентацијата, Левче Китевски.
Македонија е со 20 ракометари во Египет, а на терен ќе можат 16 од нив. Кој ќе биде составот ќе се знае на еден час пред почетокот на средбата.