Светската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварот од првото коло од групата Г меѓу Шведска и Македонија.
Правдата ќе ја делат Норвежаните Јорум и Клевен, додека делегат ќе биде Австриецот Рајсингер.
Резервен судиски пар за овој натпревар се сестрите Бонавентура од Франција.
Натпреварот во салата во Каиро меѓу Шведска и Македонија ќе започне во вечерниот термин од 20:30 часот.
Во првиот дуел од нашата група, домаќинот Египет немаше проблеми против Чиле и победи со