Селекцијата на Египет која е домаќин на Светското првенство и на истото е предводена од поранешниот тренер на Вардар, Роберто Парондо отвори со победа на шампионатот од 35:29 против Чиле.
Ова беше одлична средба за ракометарите од Египет за загревање, а со оглед на тоа што се следен ривал на Македонија јасно е дека в сабота ќе биде максимално тешко бидејќи претстои силен дуел.
Неизвесноста на оваа средба траеше едвај пет минути. После краткото испитување на силите следуваше демонстрација на квалитетот на ракометарите од Египет кои влегоа посилно и почнаа да ги затвораат приодите кон голот на идниот голман на Еурофарм Пелистер.
Откако беше преземана контролата на играта веќе Чилеанците не можеа да следат. Египет имаше игра со која лесно ја зголемуваше предноста и практично казнуваше од секоја позиција, а многу чесно и преку контри одеше кон голот на противникот.
Чиле не можеше да следи и се виде дека не е на нивото на другите ривали од групата каде што е и Македонија. Тоа резултираше со предност од 18:11 за Египет на полувреме, па можеше во продолжение да се одигра мирно и без поголеми проблеми да се дојде до високи седум разлика.
Во вториот дел Парондо направи измени во тимот со желба да се зачуваат силите за следните натпревари. Можеше мирно да се продолжи во натпреварот, а тоа даваше резултат до 50. минута кога дојде до опуштање. Во тие моменти Чиле успеа да намали и да се доближи на пет погодоци негатива. Сепак, не можеше повеќе од ова така што на крајот Египет тргна на шампионатот со победа од 35:29 и два освоени бода.