Настапот на Мундијалот во Египет, Македонија го отвора вечерва, 20:30 часот против репрезентацијата на Шведска.
Нашиот прв противник, Шведска, изминатиот период имаше сериозни проблеми со ковид-19, но успеја да стигне во Каиро и да биде дел од СП. Не е дека се радуваме на туѓата несреќа, но во овој случај целта ги оправдува сретствата, а наша цел е победнички старт на првенството, со кој веќе би гледале кон следната фаза.
„Имаме квалитетна група во која може да се надигруваме со секого. Домаќинот Египет според мене е фаворит, но со сите ќе се надигруваме и ќе се бориме против секој. Подготвителниот двомеч со Чиле се покажа како полн погодок, па дури и без Лазаров и Стоилов во тимот, видовме дека може да се носиме со еден противник кој не е европска селекција и со кој сега ќе се соочиме во групата на СП. Шведска е наш прв ривал и иако тие имаа проблеми со коронавирусот, мора да бидеме внимателни. Нашата цел како и секогаш е позитивен старт на првенството. Влегуваме оптимистички и она на што мислиме прво е да се мине групната фаза. На последните две првенства ЕП 2019 и СП 2020 не ја минавме групата, а сега и ќе ја исправиме таа грешка. Ако тргнеме со позитивен резултат нема да се опуштиме и да речеме, готово ја минавме групата, туку ќе дадеме максимум на секој меч. Сакаме да направиме голем успех, спремни сме и имаме голема желба за докажување“, вели бекот Филип Талески.
Вечерва играме против Шведска, задутре против домаќинот Египет, а на 18 јануари против Чиле.