Машката репрезентација ќе настапи седми пат на Светските првенства во историјата. Во Египет, Македонија ќе биде дел од групата Г, заедно со домаќинот, Чиле и Шведска.
Според претходно утврдениот распоред, Македонија ќе го отвори настапот на 14 јануари против Шведска oд 20:30 часот.
Во вториот дуел ќе се сретнеме со Египет на 16 јануари, а веројатно шансата за место во следната фаза ќе ја бараме против Чиле на 18 јануари.
Распоред на натпревари:
14 јануари, 20:30 часот, Шведска – Македонија
16 јануари, 18:00 часот, Египет – Македонија
18 јануари, 15:30 часот, Македонија – Чиле
Најдобрите три селекции од групата се вкрстуваат со групата Х, каде што се наоѓаат Словенија, Белорусија, Русија и Јужна Кореја.