Проблемите со коронавирусот кои ги имаат голем дел од репрезетнациите овозможија Македонија како прва резерва сепак да настапи на Светското првенство во Египет.
Нашиот најдобар ракометар Кирил Лазаров ќе игра на уште еден Мундијал со Македонија откако Чешка се откажа поради многу случаи на Ковид-19. Тоа ќе значи враќање на Лазаров на местото каде што првпат играше на светско првенство пред 22 години, а тоа е Египет.
Лазаров на Светското првенство во 1999 година беше дел од тимот во кој уште играа многу големи имиња за македноскиот ракомет. Дел од играчите кои играа тогаш се Шандор Ходик, Зоран Петковски, Данило Брестовац, Иван Марковски, Александар Јовиќ, Бранислав Ангеловски, Стевче Алушовски, Пепи Манасков, Александар Зарков и Игор Котевски. Репрезентацијата на водеа Драган Нишевиќ и Стевче Стефановски.