СП 2021 Група Х: Кореја се соочува со европски предизвик

Три европски и една азиска репрезентација ја сочинуваат групата Х на Светското првенство. Сигурно е дека во оваа група се очекува неизвесна борба за пласман во главната фаза. Словенија, Белорусија, Русија и Кореја ќе обидат да стигнат до едно од трите места кои водат понатаму, а резултатите од минатото сигурно се голем предизвик за азиската селекција.

Златната генерација на Словенија која го освои бронзениот медал на првенството во Франција во 2017 година и заврши четвртта на ЕУРО 2020 предводена од Љубомир Врањеш се чини дека е прв фаворит во оваа група. Тие можат да се пофалат со искуство и млади таленти кои се „гладни“ за докажување. На искусните Јуре Доленец, Миха Зарабец, Деан Бомбач, Сташ Скубе им се приклучуваат Блаж Јанц и Домен Макуц кој е подготвен да дебитира на светските првенсства за Словенија.

Словенија подобар меѓусебен биланс има против Белорусија и Кореја, тие се сретнаа двапати со Белорусија на светските првенства и остварија две победи. Во Шпанија 2013 година Словенците победија со 27:26 и во Катар 2015 година со 34:29. Исто така и против Кореја, Словенија има две победи, едната на Олимписки игри во 2004 година со 26:23 и на првенството во Шпанија 2013 година со 34:27. Русија единствено од ривалите во групата Х има позитивен биланс портив Словенија со седум победи во девет натпревари, но на последните два дуела Словенија беше посупешна и го потврдува подемот на репрезентацијата.

На првенството во Шпанија кога Словенија го освои четвртото место ја победи Русија со 28:27 во четвртфиналето, а потоа на Мундијалот во Франција кога Словенија освои бронзен медал беше поубедлива во дуелот со Русите и победи со 32:26. Со неколку клучни отсуства во својата репрезетнтација, вклучувајќи го и Павел Атман кој се повреди Русија ќе се обиде да обезбеди подобар пласман од претходното првенство кога заврши на 14. место.

Составот кој ќе настапи со вајлд-карта, има предност во меѓусебните дуели со сите ривали од групата. Русите во четири меча со Белорусија немаат пораз, имаат седум победи против Словенија и на десет натпревари против Кореја имаат девет победи. Единствениот пораз Русите кој го доживеаја на Олимписките игри во 2004 година со 32:35. Сепак на светските првенства Кореја само на еден натпревар успеа да избегне пораз против Русите и тоа на првнсството во Германија 2007 година кога одиграа 32:32. Белорусија во единствениот дуел со Кореја победи со 26:20 на Мундијалот во Шпанија 2013 година.

Словенија како прв фаворит во групата Х влегува со големи амбиции на Мундијалот во Египет. Четири години откако го освоија првиот медал на првенстсвата после неверојатниот кам-бек против Хрватска, Словенците повторно се надеваат на медал. Словенија досега има осум настапи на Светските првенства, а најголем успех им е бронзениот медал на првенството во 2017 година. Исто така имаат и едно четвртто и едно осмо место. Клучни играчи во репрезентацијата се Јуре Доленец (десен бек), Блаж Јанц (десно крило) и Блаж Благотиншек (пикер) секако потпомогнати од средните бекови кои имаат врвен квалитет.

СЛОВЕНИЈА

#ИграчПозицијаИсклучувањеВисинаГоловиНатпревариТежина
13svnДарко Цингесарлево крило31873696
16svnМиљан Вујовиќголман01960297
21svnДраган Гајиќдесно крило018828585
22svnМатеј Габерпивот5198116120
26svnКлемен Ферлинголман019206105
44svnДеан Бомбачцентрален бек019011694
90svnУрбан Лесјакголман01870495

Русија имаше многу слаб настап на ЕУРО 2020 каде што ги загубија сите три натпревари од групната фаза и на оваа првенство доаѓа со мотив да прикаже подобри партии и да го поправи впечатокот. Владимир Петковиќ кој ја презема Русија минатата година е оптимист во пресрет на Мундијалот. Русија по 22. пат ќе настапи на Светско првенство, дел од нив како Советски Сојуз дел како Русија, а најголем успех им се трите златни медал во 1982, 1993 и 1997 година. Клучни играчи во репрезентацијата се Виктор Киреев (голман) и Дмитриј Житников (среден бек).

РУСИЈА

#ИграчПозицијаИсклучувањеВисинаГоловиНатпревариТежина
5rusДмитри Киселевдесен бек219318696
12rusДмитри Павленкоголман01900580
14rusИлија Белевцовцентрален бек019800106
22rusВјачеслав Казаткинпивот21841178
27rusДенис Василевпивот119895107
28rusСергеј Кудиновлев бек219110698
36rusСергеј Ивановдесен бек020002110
55rusАзат Валиулинлев бек020726105
76rusСтанислав Тритенкоголман01930490
97rusАлексеј Фокиндесно крило01801370

Белорусија со поголема мотивација од било кога доаѓа на едно Светско првенство. Квалитетот на Белорусите е во подем и оправдани се големите очекувања од овој Мундијал. Досега под името Белорусија имаат настапено четирипати на светските првенства и најдобар успех имаат забележано во првиот настап во 1995 година кога завршија на 9. место. Клучни играчи во екипата се Владислав Кулеш (лев бек) и Арцем Каралек (пикер).

БЕЛОРУСИЈА

#ИграчПозицијаИсклучувањеВисинаГоловиНатпревариТежина
2blrАлександар Лукашевичдесно крило01920086
8blrAртур Руџлев бек11941395
20blrАлексеј Кишуголман01910592
25blrПавел Дудадесен бек01880086
33blrИван Марозголман01941696
42blrАрцјом Селвасјукпивот21925695
47blrАлександар Падшивалавцентрален бек01904690
98blrНикалај Алохиндесен бек11902692

Кореја уште еднаш ќе има тешка задача на Светското првенство, за противници ќе имаат три европски репрезетации и секој поволен резултат на Корејците ќе биде изненадување. Пласман на првенството обезбедија како второпласирана репрезентација на азиското првенство и ќе играат по 13. пат. Најдобар успех забележаа на во 1997 година кога беа осми. Клучен играч на Кореја е Ким Јин Јанг кој игра на позицијата десен бек.

ЈУЖНА КОРЕЈА

#ИграчПозицијаИсклучувањеВисинаГоловиНатпревариТежина
7korБјенгчеол Кимлево крило01780080
8korХјеонво Кимпивот11857596
10korЧанмин Јудесно крило118012575
13korЈунхее Лидесно крило11804580
16korХосу Лиголман01800080
17korСеунгвон Јеонлев бек01850088
19korСеунггеон Баекдесен бек11800580
21korСеунгми Лилево крило21816575
22korБјеонгју Лилево крило018312683
23korЈоунгје Јеонцентрален бек018211683
24korЈинјонг Кимдесно крило018511578
26korЈаеху Кимцентрален бек418539687
27korМјонган Јудесно крило21853578
28korЈинхо Кимлево крило117922675
29korЈоунггул Кимдесно крило01800074
32korДонгјеон Јолево крило01780476
33korЈаесон Кимлев бек01864593
34korТаегван Кимлев бек01862180
50korМингју Кимпивот018700100
77korЧангво Лиголман01901593
83korЈунгу Кангпивот018145105
87korЈиун Кимдесен бек218613588
88korЈунјонг Јангголман01860386
96korДаехјон Кимцентрален бек01750075
97korТаеунг Кимпивот219015589
98korЈаепил Анголман01800398
121korСеонгјеон Јеонгцентрален бек01730069
177korМјеонгјонг Кимцентрален бек01810183