Левиот бек на Вардар, Кристијан Дисингер до денеска беше во комбинација за Светското првенство во Египет и беше на списокот на патниците, но во последен момент на негово место се најде Лукас Штуцке.
Причината поради која Кристијан Дисингер не се најде на листата на патниците е неговото барање, да биде изоставен за овој шампионат бидејќи не се чувствува доволно подготвен за да може да одговори на предизвиците кои ги носи Мундијалот.
„Тажен сум и разочаран. Морав на ваков начин да ја проценам ситуацијата. Минативе неколку недели ми создадоа повеќе проблеми отколку што мислев така што не можам да и помогнам на нашата репрезентација. Верувам во нашиот тим“, изјави Дисингер после донесувањето на одлуката да не игра на Светското првенство.
Селекторот, Алфред Гисласон исто така објасни поради кои причини дојде до ваква промена во играчкиот кадар и зошто Дисингер нема да биде во Германија.
„Разговаравме отворено и се согласивме дека во моментов Кристијан не е најдобро подготвен за настап на Светското првенство. Неговите паузи од тренинзите поради неколкуте карантини и позитивниот наод на Ковид 19 беа генерално предолги така што тој не може да го издржи стресот кој го носи така долгиот турнир“, вели селекторот Гисласон.
Затоа мораше да се реагира брзо и веднаш да биде ангажиран друг ракометар како замена. Место Дисингер за Египет ќе патува Лукас Штуцке.