СП 2021 Група Г: Египет ќе се обиде да блесне и да го поправи билансот против Европјаните

Две репрезентаци од Европа, една од Африка и една од Јужна Америка ја сочинуваат групата Г на Светското првенство во Египет. Домаќинот Египет предоводен од Роберто Парондо ќе бара пласман во главната фаза преку познати противници. Откако на првенствата во 2001 и 2015 година беше во иста група Египет повторно ќе игра против Чешка и Шведска. Отварањето на групата Г е и отварање на првенството со дуелот помеѓу Египет и Чиле на 13. јануари.

Шведска беше петтопласирана на последниот Мундијал и како главен фаворит за првото место во групата доаѓа на ова првенствто со оглед на својот квалитет и искуство. Тие имаат позитивен биланс против сите противници, на 14 натпревари против Чешка, Египет и Чиле имаат само еден пораз. Чешка има пет порази од пет дуели со Шведска, Чиле загуби во единствениот дуел со Швеѓанита, а само Египет може да се пофали дека победил против скандинавската репрезентација. Таа победа е на Олимписките игри во 2016 година со 26:25, но следните два дуела ги загубија на светските првенства.

Чешка ќе игра на Светско првенство после шест годишна пауза и ќе се обиде да го поправи впечатокот од последниот настап во Катар 2015 година кога завршија на 17. место. Сепак, избраниците на Јан Филип и Даниел Кубеш ќе имаат тешка задача на првенството во Египет да остварат добар резултат. Чешка на последниот дуел со Шведска во Катар 2015 година загуби убедливо со 22:35, додека најтесен пораз е оној во 1995 година кога загубија 17:21. Против Египет репрезентацијата на Чешка има само една победа во пет натпревари и таа е во 2007 година со минимални 31:30, а последниот дуел во 2015 година го доби Египет со 27:24.

Репрезентацијата на Чиле досега на првенствата има играно само со Шведска од противниците во групата. Тоа беше на првенството во Шведска во 2011 година кога Чиле загуби убедливо од домаќинот 18:28. Главни фаворити за првите три места кои водат во следната фаза се Шведска, Египет и Чешка, но останува да се види која репрезентација колку бодови ќе пренесе понатаму. Во оваа група можеме да очекуваме доста неизвесни дуели.

Шведска е прв фаворит за освојување на првото место во групата и според својата традиција и според квалитетот, но има вистински ривали кои би можеле да ги поматат сметките. Во своето 25. учествто на Мундијалите, Шведска ќе се обиде да стигне до своето петто злато. Последен пат Шведска беше Светски шампион во 1999 година. Клучни играчи во тимот се Џим Готфритсон и Андреас Паличка.

ШВЕДСКА

#ИграчЕкипаПозицијаИсклучувањеГоловиВисинаНатпревариТежина
7sweЈак Туриндесен бек00199098
8sweАлфред Јонсонлев бек012193696
10sweЛукас Пеласлево крило020183678
16sweМикаел Агефорсголман00191690
26sweЛинус Персондесен бек320191595
27sweОскар Зунефелдтлево крило00198392
28sweЈонатан Едвардсонцентрален бек00190693
66sweАнтон Линдскогпивот321983110

Можеби организацијата на Мундијалот е вистинско време да заблеска репрезентацијата на Египет, но пред ракометарите на домашната селекција се многу натпревари каде што треба да се покаже квалитет. Ова ќе биде 16. настап на Светските првенства на Египет, а најдобриот пласман е од првенството во 2001 година кога оваа селекција беше на чекор до медал и заврши на 4. место. Клучни играчи во репрезентацијата се Јахија Омар (десен бек), Јехија Елдера (лев/среден бек) и Ахмед Елахмар (десен бек).

ЕГИПЕТ

#ИграчЕкипаПозицијаИсклучувањеГоловиВисинаНатпревариТежина
1egyАбделрахман Хомаједголман00192095
5egyЈахија Омардесен бек322194687
9egyЕслам Хасанцентрален бек01185385
11egyАхмед Моаменлево крило13176474
15egyАхмед Хешамцентрален бек110194688
17egyАхмед Каирицентрален бек00188094
24egyИбрахим Елмасрипивот53192695
25egyВисам Наварпивот041846104
31egyОмар Елвакиллево крило16174672
32egyОмар Самидесно крило00176078
34egyКалед Валедпивот00190088
39egyЈехија Елдералев бек118192695
42egyХасан Кадахлев бек192056105
45egyСеиф Елдералев бек06187682
53egyАкрам Јусридесно крило16172578
55egyМошен Рамадандесен бек121921102
66egyАхмед Елахмардесен бек019186582
80egyAхмед Аделпивот00184096
88egyКарим Хендавиголман00188696
89egyМохамед Мамдупивот029194695
90egyАли Зеинлев бек314193692
91egyМохамед Санаддесно крило032186686
96egyМохамед Елтајарголман00191692

Чешка отсуствуваше од последните две светски првенства и сега се враќа со големи амбиции. Според нив во групата нема слаб противник, но секако се надеваат на пласман во наредната фаза. Под името Чешка настапуваат од 1993 година на Мундијалите и имаат вкупно седум настапи, а најдобро беа пласирани во 1993 година на седмата позиција. Клучни играчи на Чешка се Ондреј Здрахала (среден бек), Мартин Галија (голман). Проблемот на Чесите е битката со Ковид 19. Уште не е познат составот со кој репрезентацијата ќе настапи на Мундијалот.

ЧЕШКА

#ИграчЕкипаПозицијаИсклучувањеГоловиВисинаНатпревариТежина
1czeТомаш Мркваголман002030110
10czeЈонаш Пацелцентрален бек00190080
11czeОндреј Шафранеклево крило00188085
15czeМилан Котрчлево крило00191080
16czeМартин Галиаголман00189089
20czeЈарослав Трковскилев бек00183084
27czeОндреј Здрахалацентрален бек00188081
51marРадим Чудобадесен бек00187089
60czeАдам Птачниклев бек002000103
71czeСимон Мижераголман00190088
95czeПатрик Фулнекцентрален бек00187084

Чиле е аутсајдер во групата Г, но спортски е да се надеваат на успех. Сепак, објективно сите противници се поквалитетни и навистина ќе биде изненадување доколку Чилеанците обезбедат следна фаза. Чиле за првпат на едно Светско првенствот настапи во 2011 година, а потоа не пропушти ниту едно и ова ќе им биде шестти настап. Најдобар пласман има на последното во 2019 година кога заврши на 16. позиција. Клучни играчи се Родриго Салинас (десен бе), Ервин Фојхтман (лев бек) и Емил Фојтхман (среден бек).

ЧИЛЕ

#ИграчЕкипаПозицијаИсклучувањеГоловиВисинаНатпревариТежина
1chiФилип Бариентосголман03184790
2chiСебастијан Кабелослево крило229176776
4chiЕрвин Фојхтманлев бек549190795
6chiАриан Делгадоцентрален бек02180280
7chiДиего Рејеслев бек26185786
8chiЕмилио Валензуеладесен бек00185099
9chiХавиер Фрелијпивот891917104
10chiЕмил Фојхтманцентрален бек017178787
11chiЕстебан Салинаспивот334183790
12chiФелипе Гарсијаголман11190790
13chiДиего Перездесен бек00181079
14chiБенџамин Илиескапивот01196387
16chiВинсенте Гонзалезголман00192788
17chiРодриго Салинасдесен бек339189692
18chiЖулио Бауманцентрален бек00183089
19chiДиего Кароголман00176073
20chiСебастијан Павездесно крило213182785
21chiХаралд Фојхтманлево крило10176484
22chiМатијас Пајацентрален бек00176078
23chiБенџамин Калејалево крило04171680
24chiДиего Аранчибиалево крило00178081
29chiМарко Онетопивот602047103
30chiДаниел Ајаладесен бек314177780
32chiДанило Салгадолево крило00179080
44chiАрон Кодиналев бек00193094
77chiВиктор Доносолев бек311907104