Никола Митревски со 15 одбрани беше предводник на португалскиот шампион Порто, кој славеше со 25-19.
Покрај одличната партија на македонскиот чувар на мрежата, друг интересен момент вреден за одбележување се дресовите на двете екипи.
Во првото полувреме двата тима играа со сино-бели дресови и беше тешко да се распознаваат, но нејасно е како делегатот на ЕХФ дозволи да се случи тоа.
Домаќинот имаше и резервна варијанта, па на паузата меѓу полувремињата, ракометарите ги сменија дресовите.