Бошковски: Повеќе ме ценат во Романија отколку во Македонија

„Односот на луѓето кои работат во спортот во Романија е попристоен. Те ценат ако направиш нешто добро, за разлика од тука, тоа не го чувствувам“, објаснува Бошковски.

Повеќе од четири децении Лефтер Бошковски работи на иднината на македонскиот ракомет, но и натаму има чувство дека повеќе е ценет надвор отколку дома.
Лефтер за да биде она што е денеска, минал низ големи животни перипетија. Од Егејска Македонија, преку Романија, за да се врати назад дома во Македонија, која никогаш повеќе нема да ја напушти.

Како тренер на РК Вардар, Лефтер Бошковски може да се пофали дека е прв освојувач на пехарот на еден од најстарите и најреномирани македонски ракометни настани, Струшкиот турнир.

Бил селектор на женскиот сениорски национален тим на Македонија, тренер на РК Вардар, а работел и во Работнички, Кометал Ѓ.П., потоа го формира Олимпик и во секој од овие клубови приоритет му се младите

„И ден денеска многу повеќе сум почитуван надвор. Односот на луѓето кои работат во спортот во Романија е попристоен. Те ценат ако направиш нешто добро, за разлика од тука, тоа не го чувствувам. Кога одам во Олимписки комитет (МОК) вратите ми се отворени, но кога одам во Ракометна федерација, немаме некој однос кон луѓето кои помалку или повеќе придонеле за афирмација на ракометот. Таков народ сме, такво чувство носиме во себе. Кога се бираше селектор – кандидати бевме јас и Владимир Радиќ и јас им велам ’ако ме изберат мене, Радиќ ќе го земам за помошник’. Сите ми се смееја за таквиот став, но во спортот мора сите да помогнеме ако сакаме успех, но ние не ги гледаме работите така… Жалам поради тоа. Во Романија и денеска ме канат на прослави и јубилеи, ме паметат и ме спомнуваат, се почитуваат ’ловците на таленти’ и луѓето кои придонеле…“

Комплетното интервју на Бошковски со 24Ракомет може да го прочитате на ЛИНКОТ во продолжение

ИНТЕРВЈУ ЛЕФТЕР БОШКОВСКИ: Имавме талентирани ракометарки, но не им посветувавме внимание