СТРУГА 2020: Битолчани направија тестови на Ковид-19, сите се негативни!

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вторпат за две седмици направија тестови на коронавирус и сите се негативни. Ист е случајот и со тестовите на играчите од вториот тим.

Првите беа направени пред стартот на подготовките на првата екипа во Маврово, а сега повторно пред стартот на Струшкиот турнир.

Битолчани се во група со Металург, Прилеп и домаќинот Струга, а во другата група се Вардар, Охрид, Бутел Скопје и Еурофарм Пелистер 2.

Минатото лето Еурофарм Пелистер стигна до финалето на Струшкиот турнир, но беше поразен од грчкиот АЕК Атина.