Некогашниот ракометар на Вардар, Жоан Кањелас, и во наредната сезона ќе остане во унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед, откако го продолжи договорот до 2021 година.
Тој пред две сезони се реши да го напушти Скопје, иако имаше договор на уште година. Не направи погрешен потег, со оглед на тоа што игра во одлична форма под водство на Пастор.
Следната сезона ќе остане единствен Шпанец во ростерот на ПИК Сегед, бидејќи Хорхе Македа ќе се пресели во Веспрем.
Тимот на Кањелас и Македа е потенцијален ривал на Вардар во осминафиналето на Лигата на шампионите.