Заврши Европското првенство, а клубовите веќе се враќаат на своите обврски во домашните првенства. Екипата на Мешков Брест го одигра првиот натпревар од пролетниот дел во првенството на Белорусија.
Мешков беше подобар од тимот на Кронон но без еден од најдобрите играчи, средниот бек Артем Кулак. Според пишувањата на белоруските медиуми спортскиот директор на клубот, Павел Башкин го испратил Кулак на тренинзи со вториот тим.
Подетални причини за ваквата одлука не се обајвени, се шпекулира дека можна причина е кавгата на Кулак со тренерот Раул Алонсо. Ова може да биде голем проблем за екипата бидејќи во наредниот период им следуваат многу важни натпревари, а прв е дуелот во домашното првенство со СКА Минск.