Денеска машката репрезентација на Македонија го игра последниот натпревар од групната фаза на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска, против еден од домаќините.
Еден од најискусните репрезентативци на Австрија е десниот бек Јанко Божовиќ, кој играше и за тимот на Металург. Божовиќ смета дека Македонија не е опасна само од десната страна каде игра Кире Лазаров.
„Македонија има неколку искусни ракометари. Лазаров е еден од најдобрите десни бекови на сите времиња, тој е секогаш подготвен да го одлучи натпреварот. Но, Македонија не е само Лазаров, тука е Стоилов, кој е многу важен ракометар за Македонија. Ако добро се подготвиме, мислам дека имаме шанси. Досега имаме лош скор против Македонците, но ќе се обидеме да ја смениме традицијата“, изјави Божовиќ.
Натпреварот меѓу Македонија и Австрија се игра денеска во „Штадхале Арена“ со почеток во 18:15 часот.