Хрватска со еден десен бек на Европското првенство

Хрватска отпатува на првенството со 16 ракометари, но селекторот Лино Червар имаше доста проблеми да го подготви составот за ЕП. Повредите во пресрет на почетокот на натпреварувањето значително го ослабеа тимот, особено на десната бековска позиција.

Откако се повредија Лука Шебетиќ, Фран Милета и Ловро Михиќ, последен во низата повредени е играчот на Хановер, Иван Мартиновиќ.

Од составот испадна уште еден десен бек, Јосип Векиќ кој ќе чека повик во Загреб. Со ова репрезентацијата на Хрватска останува со само еден играч на десен бек, а тој е Лука Степанчиќ од ПИК Сегед.

СОСТАВ НА ХРВАТСКА ЗА ЕП

Голмани
Марин Шего (Монпелје)
Матеј Ашанин (Загреб)

Десни крила
Златко Хорват (Загреб)
Владо Матановиќ (Горење)

Леви крила
Давид Мандиќ (Загреб)
Валентино Равниќ (Загреб)

Пикери
Жељко Муса (Магдебург)
Марино Мариќ (Мелсунген)
Марин Шипиќ (Загреб)

Леви бекови
Домагој Дувњак (Кил)
Марко Мамиќ (Лајпциг)
Јосип Шарац (Целје)
Матеј Хрстиќ (Загреб)

Средни бекови
Лука Циндриќ (Барселона)
Игор Карачиќ (Виве Кјелце)

Десни бекови
Лука Степанчиќ (ПИК Сегед)