31 сезона, 31 шампионска титула: Загреб – единствен владател на хрватскиот ракомет!

Во хрватскиот шампионат досега се одиграа 32 сезони, од кои една беше прекината поради пандемијата, а Хрватска има само еден шампион.

Дури 31 пат првак е тимот на Загреб, кој оваа сезона со три победи над Нексе ја реши битката во финалната серија.

Иако Нексе Нашице беше достоен и сериозен ривал, сепак пресуди искуството на Загреб и играчите од типот на Чупиќ, Дибиров, Муса, Гојун…

Некогаш Метковиќ Јамбо се обидуваше да го симне Загреб од тронот, но не успеа,  едно време ривал беше и Медвешчак, сега е Нексе, кој секоја сезона е се поблиску да ја прекине традицијата долга 32 години.

Хрватска нема директен учесник во Лигата на шампионите за следната сезона, но за очекување е дека „плинарите“ ќе добијат вајлд-карта за учество од ЕХФ.