Ракометарите на Охрид прославија голем триумф над македонскиот вицепрвак со 30-26 и му ја прекинаа серијата од 22 победи по ред во Супер лигата.
Избраниците на Стевче Алушовски предводени од одличниот Ѓорѓески на голот, како и непогрешливиот Цирар во нападот, комплетно го надиграа тимот на Кире Лазаров и го испратија без бодови дома.
На паузата охриѓани водеа со седум гола, а „сино-белите“ од Автокоманда се што сторија во вториот дел беше што намалија на минус четири.
По натпреварот, ракометарите на Охрид ја прославија големата победа со својот „осми играч“, верните навивачи „Рибари“.
Охрид сега има 11 бодови и се вмешува во борбата за врвот, каде е Еурофарм Пелистер со 14 бода.
Охрид во игра и за титула – му го зема скалпот на вицешампионот!
Шоу покрај езерото – Ѓорѓески „кажа стоп“, Цирар го наполни голот на вицепрвакот до врв
Алушовски: Охрид одигра модерно, европски и на добар пат сме за Топ-4