Репрезентацијата на Шведска со победа ја започна борбата за полуфинале на ЕП, откако на првиот дуел од главната фаза триумфираше над Словенија со 28:22.
Одлична партија во победничката репрезентација имаше искусниот голман Андреас Паличка.
37-годишниот Паличка беше на голот 40 минути и успеа да одбрани 64% од ударите на Словенците (14/28).
Откако Паличка ја „спушти“ ролетната, шанса на голот на Шведска во преостанатите дваесетина минути доби младиот Тобијас Тулин.
Ракометарите на Шведска во следното коло од главната фаза за ривал ја имаат репрезентацијата на Данска.