Јужна Кореја допатува во Египет, но со Б тим

Селекцијата на Јужна Кореја на Светското првенство во Египет допатува со својот Б тим односно со ракометари родени 1998 година и помлади.

Сениорскиот состав на Јужна Кореја моментално има подготвителни активности за квалификациите за олимписките игри во Токио. Поради тоа, ракометниот сојуз на азиската земја не сака да ризикува  и одлучи наместо со сениори да патуваат со помлади ракометари. Ризикот од заразување поради ковид пандемијата е причина плус за ваквата одлука, но и повредите кои се неминовни во текот на првенствата.

Јужна Кореја на Светското првенство во Египет е во група со селекциите на Словенија, Белорусија и Русија. Својот прв натпревар ракометарите на Јужна Кореја го играат денеска против Словенија со почеток од 18:00ч.