Ѓорче Петров оди на Ф4, за титула кај кадетките ќе се борат и Стружанка, Делчево и Скопје

По одигрувањето на четвртфиналните натпревари во кадетската женска лига, познати се сите учесници на завршниот турнир.

Ѓорче Петров славеше кај Деспина со 32-26, а најдобар стрелец на мечот беше Исидора Котевска, која постигна 13 погодоци.

Покрај Ѓорче Петров, на Ф4 ќе играат и Делчево Вардар, кој славеше во Гостивар кај Јехона со 31-30, како и Стружанка која триумфираше кај Вардар со 19-17.

Последен учесник на собирот на најдобрите четири женски екипи во кадетска конкуренција е Скопје, кој ја елиминира Гевгелија.

Завршниот турнир кај кадетките ќе се игра следниот викенд, односно на 27/28 мај.