Што се случува со АЕК Атина – трет пораз во серија во домашните конкуренции!

Екипата на АЕК Атина, која беше еден од противниците на Еурофарм Пелистер во групната фаза во Лига на Европа, продолжува со лошите резултати на домашна сцена. Иако во текот на целата сезона имаше само еден пораз на домашна сцена до финалето на Купот, сега за десетина дена го доживеа третиот во серија.

Откако го загубија финалето во Купот на Грција од просечната екипа на Пилаја, ракометарите на АЕК во вториот финален натпревар од националниот шампионат не успеаја да дојдат до победа и беа поразени од Олимпијакос, со резултат 22:21 (19:12).

Во првиот натпревар од финалната серија, Олимпијакос, исто така оствари победа, 29:26, со што е многу блиску до преземање на титулата. На Олимпијакос ќе му биде потребна уште една победа на третиот финален натпревар, кој ќе се одигра на 16 мај.

Челниците на АЕК поради загубената титула во Купот решија да го отпуштат тренерот, Димитрис Димитруљас. После 16 мај, доколку Олимпијакос дојде до три победи, односно ја освои титулата, би требало да се знае дали ќе има реконструкција во АЕК, кој во оваа сезона беше многу блиску до пласман во осминафиналето од Лига на Европа.

Олимпијакос му пресуди – АЕК Атина му врачи отказ на тренерот Димитрулас!

СЕНЗАЦИЈА во јужниот сосед: Анонимен тим го сруши АЕК и го грабна трофејот во Купот