Олимпијакос му пресуди – АЕК Атина му врачи отказ на тренерот Димитрулас!

Поразот на АЕК Атина во првиот финален натпревар во борбата за шампион на Грција од Олимпијакос беше пресуден тренерот на АЕК, Димитрис Димитруљас да замине од клубот.

АЕК загуби на домашен терен по продолженија со резултат 26:29, заедно со претходниот пораз во финалето од Купот на Грција беше доволно претседателот на клубот да го изгуби трпението и да му врачи отказ на Димитрулас.

Претседателот Стаматис Папастаматис после натпреварот влегол во соблекувалната и видно нервозен половина час им одржал лекција на своите ракометари и соопштил дека ќе има промена на тренерската позиција.

АЕК во продолжението од плеј-офот во финалната серија ќе биде предводен од нов тренер, но засега не е познат наследникот на тренерската позиција. И покрај поразот АЕК не се откажува од титулата, но ќе има многу тешка задача стигне до шампионската титула во серијата што се игра до три победи.