СЕНЗАЦИЈА во јужниот сосед: Анонимен тим го сруши АЕК и го грабна трофејот во Купот

Ракометарите на Пилаја приредија сензација во Купот на јужниот сосед и го совладаа тимот на АЕК Атина со 21:20 во финалето. Овој триумф беше вреден пехар за младите ракометари на Пилаја.

АЕК имаше многу проблеми со реализацијата на овој натпревар, во првите 30 минути наиде на силен отпор од Пилаја која играше одлична одбрана. После првиот дел Пилаја имаше водство од 12:9.

Проблемите на АЕК продолжија и на почетокот на второто полувреме, Пилаја стигна до пет гола предност во 34. минута кога Цамседис со петиот гол донесе водство од 14:9 за својот тим.

Во последните две минути АЕК влезе со негатива од три гола која успеаја само да ја намалат до крај, но и не да избегнат пораз. Пилаја беше меѓу најслабите тимови во шампионатот на јужниот сосед оваа сезона, но патот до финалето го мина и ПАОК.