Шпанецот заминува од Сегед – Жоан Кањелас потпиша за Кадетен Шафхаузен

Некогашниот ракометар на Вардар, а сега на ПИК Сегед – Жоан Кањелас, од наредната сезона ќе ги брани боите на швајцарскиот шампион Кадетен Шафхаузен.

34-годишниот шпански репрезентативец потпиша две години со тимот на Кадетен откако му заврши договорот со унгарскиот тим, кој не сакаше да ја продолжи соработката.

Во богатата кариера, Кањелас освојуваше титули во Шпанија, Германија и Македонија настапувајќи за Барселона, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Хамбург, Кил и Вардар.

„Го одбрав Кадетен од повеќе причини, а најважната е што се работи за професионален клуб, одличен проект и високи цели. Сите играчи што ги прашав ми кажаа само убави раобти. Среќен сум што ќе живеам во прекрасен град и држава, каде и моето семејство ќе има ново искуство“, вели Кањелас.

Тој ќе биде замена за унгарскиот интернационалец Габор Часар, кој се сели во локалниот ривал Амичитија Цирих.