ШОК НА ЛИЦАТА НА КАУБОИТЕ: Данска ги понижи Хрватите и ги прати дома!

Последниот натпревар во група II го даде последниот патник во четвртфиналето на Светското првенство во Египет. Катар благодарение на победата против Аргентина и поразот на Хрватска го продолжува престојот во Каиро. Азискиот шампион ќе ја бара полуфиналната виза против Шведска.

Данска која уште пред овој дуел ја имаше обезбедено првата позиција ја понижи селекцијата на Хрватска предводена од Лино Червар и со конечен резултат 38-26 и големи 10 бодови во својата група ја најави кандидатурата за одбрана на титулата.

Првото полувреме донесе многу возбудувања и пресврт. Хрватска го отвори дуелот со два гола предност, разлика која имаа шанси да ја зголемат на три, но Ландин и промашените удари им овозможија на Данците комплетно да се вратат во дуелот. Во средина на првиот дел Данска го презема водството, а улогите на теренот се променија. Исто како и Хрватска и Данска имаше шанси да обезбеди највисока предност од три голови, но ниту актуелните светски прваци не успеаа да обезбедат сигурна предност. Затоа по крајот на триесетте минути Данска имаше предност од 17-15. Момент кој го одбележа првиот дел беше повредата на одличниот голман Ландин во средина на полувремето, но за селекторот Јакобсен имаше достојана замена во Милер.

ФОТО: Jozo Cabraja / kolektiff

Данците го отворија вториот дел на високо ниво, а добрата игра ги одведе до пет гола предност. Милер одбрани еден чист обид за гол на Хорват, а промашувањата на хрватскиот напад беа веднаш казнети на спротивната страна. Ниту тајм -аутот на Червар не промени многу, повторно две грешки во нападот на коцкестите и одлична транзиција на данските ракометари за два погодени пенали, и еден зицер на празен гол за осум голови разлика во 38. минута.

Во средина на вториот дел Хрватите веќе се предадоа, единствено Карачиќ беше расположен, недоволно за враќање во игра на овој дуел. Разликата од високи девет голови значеше елиминација за европските вицепрваци. Но Данска продолжи да го понижува својот противник, првата двоцифрена предност ја достигнаа во 42 минута, имаа и четиринаесет голови предност, а разликата до крајот на дуелот заврши на „плус  дванаесет“ или 38-26.

25 јануари 2021
38 - 26
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
25 јануари 2021 21:21 СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2020/2021 25.01.2021 60'

Место

Спортска сала „Стадион Каиро“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ДАНСКА1738Победа
ХРВАТСКА1526Пораз

ДАНСКА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Никлас Ландинголман00
4Магнус Ландинлево крило00
7Емил Јакобсенлево крило08
14Андерс Захаријасенпивот04
15Магнус Саугструп Јенсенпивот03
20Кевин Мелерголман01
21Хенрик Мелгард Јенсенцентрален бек20
22Мадс Менсах Ларсенлев бек03
25Мортен Тофт Олсенцентрален бек00
26Јохан Хансендесно крило03
28Ласе Андерсонлев бек12
31Николај Орис Нилсендесен бек05
32Јакоб Холмлев бек06
33Матијас Гидселдесен бек00
34Симон Халд Јенсенпивот00
35Николај Христенсенцентрален бек03
 Вкупно 338

ХРВАТСКА

# Играч Позиција Исклучување Голови
3Марино Мариќпивот06
5Домагој Дувњакцентрален бек01
12Иван Пешиќголман00
13Златко Хорватдесно крило02
15Јанко КевиќСреден бек00
18Игор Карачиќцентрален бек05
26Мануел Штрлеклево крило00
27Иван Чупиќдесно крило03
28Жељко Мусапивот00
30Марко Мамиќлев бек12
31Лука Шебетиќдесен бек01
34Илија Брозовиќпивот00
39Давид Мандиќлево крило11
45Халил Јагањацлев бек02
51Иван Мартиновиќдесен бек03
55Марин Шегоголман00
 Вкупно 226

Officials

Судии:
Ангел Сабросо -Шпанија
Оскар Ралуј -Шпанија

ГРУПА II

ПозЕкипаGDНПРЛБ.
131550010
21153026
3-1151133
4-1351133
5-1951042