Шипжак го продолжи договорот со ПСЖ, Морос на излезна врата

Репрезентативецот на Полска, Камил Шипжак го продолжи договорот со ПСЖ и во францускиот клуб ќе остане и следната сезона. Тој во ПСЖ пристигна од Барселона пред две години и потиша договор на две сезони со можност за продолжување на истиот на една сезона. Таа клаузула сега е активира и Полјакот ќе го продолжи престојот во Париз.

Искусниот пикер моментално е четврти клупски стрелец во ПСЖ. За „Л’Екип“ го потврди продолжувањето на договорот и изјави дека е задоволен од досегашната соработка со тимот од Париз.

„Многу ми е драго што останувам во Париз. Се чувствувам многу добро во градот и во тимот. Најдовме заеднички јазик со клубот за продолжување на договорот. Јас ќе се борам да продолжам со мојата добра работа како што правам и сега”, изјави Шипжак.

Покрај Шипжак, договорите претходно ги продолжија Стеинс и Кеита, а на излезна врата е шпанскиот дефанзивец Виран Морос. Тој најверојатно ќе ја заврши кариерата, а од ПСЖ ќе си оди и левото крило Дилан Наи, кој ќе игра за Келце од следната сезона.