Шведска ѝ одржа лекција на Франција, си обезбеди медал во Египет

Репрезентативците на Шведска продолжуваат со играта која ја наметнаа од првиот ден на Светското првенство, а денеска после победата од 32:26 над Франција практично си обезбедија медал бидејќи в недела ќе играат во финалето.

Шведска имаше целосна контрола на играта на дуелот против триколорите. Речиси во секој моменто од средбата Швеѓаните играа одлично и знаеја што прават. Французите парираа до средината на првото полувреме кога имаа и водство. Стигнаа до 7:6 во 14. минута, но потоа примија четири гола и отидоа во негатива од која никако не успеваа да излезат.

Швеѓаните знаеја како да ја зачуваат предноста бидејќи играа како по ноти. Во секој момент успеваа да најдат решение и практично го полнеа голот на противникот без грешка. До крајот на првиот дел дојдоа до 16:13, а фактот дека голманите на Франција заедно имаа една одбрана доволно говори што се случуваше на теренот.

Во вториот дел Шведска продолжи да ја контролира играта. Немаше никакви проблеми и закани порезултатот бидејќи сè одеше од рака. Одбраната на Франција не функционираше како на претходните средби, а Швеѓаните продолжија во ист стил.

Дури и кога ќе се појавеше шанса за Франција дека може ако ништо друго да се врати и да дојде до простор за приближување не одеше од рака. Освен на почетокот на второто полувреме кога Франција дојде на еден гол, во продолжението постојано беше на предност од три до пет гола. На крајот се дојде до 32:26, а резултатот беше идентичен во двете полувремиња. Шведска ги доби со по 16:13.

Готфридсон и Ване одлично предводеа во нападот, а Паличка одработи искусно на голот, но ова беше уште една нова победа на силниот колектив на Шведска, кој дефинитивно покажа како се бранат боите на националниот тим.

Уште еднаш докажаа дека можат да одиграат одлично и да стават до знаење дека кога се игра тимски може да се победува против секого без разлика дали во составот има ѕвезди или не.

Со пласманот во финалето Шведска веќе си обезбеди медал и сега може да го чека противникот за дуелот в недела, а тој ќе биде подобриот од пресметката меѓу Данска и Шпанија.

27 јануари 2023 Преглед

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
27 јануари 2023 00:00 СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2022/2023 27.01.2023 60'

ДАНСКА

Позиција Исклучување Голови
 00

ШВЕДСКА

Позиција Исклучување Голови
 00