Шведска победи и им зададе предизвик на Холандија и Норвешка, една селекција отпаѓа

Ракометартките на Шведска во последното, 5. коло од главната фаза ја совладаа ререзентацијата на Романија со 34:30 и се најдоа на чекор од обезбедување место во четврт-финалето на Мундијалот. Швеѓанките имаа контрола на целиот наптревар, а на полувреме водеа со 19:14 така што немаа проблеми за победата.

Лин Блом со седум гола беше најефикасна во репрезентацијата на Шведска, додека Робертс и Хагнам постигнаа по пет гола. Во тимот на Романија Кристина Ласло со седум гола беше прв стрелец, а Крина Пинтеа постигна шест погодоци.

Со оваа победа Шведска се најде привремено на првото место во својата група каде што од 20:30 часот играат селекциите на Холандија и Норвешка, односно актуелните светски и европски шампионки. Со нерешен резултат од 32:32 и повеќе постигнати голови тие одат понатаму. Друг нерешен резултат создава поинакви комбинации додека доколку овој дуел заврши со победа на некоја од репрезентациите, победникот ќе и се придружи на Шведска во елиминациите.

Србија славеше во екс-ју дербито со 31:25 против Словенија и го освои третото место во Групата 1 во главната фаза. Уште по првиот дел Србинките водеа 19:14, предност која без поголеми проблеми ја сочуваа за конечна победа.

Најефикасна со составот на Србија беше Јована Стоиљковиќ со осум гола, а Јована Ковачевиќ беше стрелец на шест погодоци. Во поразената екипа на Словенија, Аља Вагариќ имаше пет погодоци, четири постигна Ана Грос.