Ракометарките на Шведска ја забележаа првата победа во главната фаза на Европското првенство, откако во дуелот против Унгарија славеа со 30:25. Шведска со првите освоени бодови во главната фаза остана во игра за пласман во полуфиналето.
Првото полувреме мина во ефикасна игра и беа постигнато вкупно 33 погодоци. Шведска имаше старт како што можеше да посака, поведе со 4:1, но не успеа да го сочува водството, бидејќи упорните ракометарки на Унгарија во поголемиот дел од првите 30 минути беа повеќе од рамноправен противник.
Избраничките на Владимир Головин по лошиот почеток се консолидираа и со одлична серија од 4:0 направија пресврт и во 10 минута го презедоа водството, поведоа со 5:4. Унгарија уште во неколку наврати беше во водство и во последните десет минути Шведска успеа да воспостави резултатска контрола и да биде подобриот противник на теренот.
По нерешените 10:10, селекцијата на Шведска се одлепи на 12:10 и до крајот на првото полувреме беше во водство. Швеѓанките се стегнаа во финишот од првиот дел, успеаја да ја подобрат реализацијата во нападите и на пауза заминаа со предност од три гола разлика, 18:15.
Шведска при водство од 19:15 на почетокот на второто полувреме пропишти неколку напади за да ја зголеми предноста на плус пет гола разлика и му дозволи на противникот да фати приклучок. Ракометарките на Унгарија издржаа уште неколку минути и во последниот период заостануваа на два до три гола разлика.
Ракометарките на Томас Аксер имаа мирна завршница, одиграа без притисок и рутински го водеа натпреварот до сигурна победа. Селекцијата на Унгарија преку сите опции се обиде да се врати во игра, но немаше доволно сила да им парира на расположените ракометарки на Шведска, кои останаа во игра за пласман во полуфиналето на континенталниот собир.