Екипата на Хановер каде што настапува Филип Кузмановски имаше тешко гостување кај Лемго во 13. коло од Бундес лигата. Хановер славеше важна победа од 31:33 и напредуваше неколку места на табелата.
Филип Кузмановски одигра одличен натпревар и беше стрелец на пет голови со што беше втор стрелец во својот тим. Исто така имаше и една асистенција и едно исклучување од две минути. Најефикасен беше Веит Маверс со седум гола.
Хановер добро започна и имаше почетно водство, потоа Лемго го сврте резултатот и имаше и три гола предност. Но до полувремето тимот на Кузмановски одигра квалитетно и замина на пауза со четири позитива, 14:18.
Во продолжението гостинскиот тим без многу проблеми ја потврди победата. Лемго го ублжи поразот во финишот но немаше сили да избегне пораз. Со овој триумф Хановер избега од опасната зона и се наоѓа на 14. позиција на табелата.