„Четири дена пред финалето не јадев ништо – пиев само апчиња и Кока Кола“

Репрезентацијата на Данска успеа да ја одбрани светската титула, откако во финалето ја совлада Шведска со 26-24.

На селекторот Николај Јакобсен воопшто не му било лесно во периодот пред финалниот двобој, бидејќи се борел со стомачен вирус.

„Мојот стомак се уште не е добар. Последните четири дена не јадев ништо, само пиев апчиња и Кока Кола Зеро, преморен сум и се уште го имам стомачниот вирус. Не сакав да мислам на тоа додека траеше мечот“, вели Јакобсен за данската ТВ 2.

Првиот меч како старо-нови светски владатели Данците ќе го имаат на гостувањето во Скопје против Македонија во рамките на квалификациите за Европското првенство 2022 година.