Червар: Стар сум, ама главата уште ми работи – нема да го оставам ракометот!

Хрватска загуби убедливо од Данска со 38-26 во натпревар што одлучуваше дали „коцкестите“ ќе се пласираат во четвртфиналето на Мундијалот во Египет.

Лино Червар го одработи последниот натпревар на клупата на Хрватска, но не е задоволен од исходот.

„Тие се светски прваци и беа фаворити. Без клучните играчи беше нереално да се очекува дека ќе ја победиме Данска. Ова не е неуспех, туку реална состојба. Сакам да испратам важна порака – кога сакаме некого што не сака нас, тоа не е заслуга. Кога правиме добро на некој што прави добро, тоа не е заслуга. Ние би требало да правиме добро на оние кои нас ни посакуваат лошо. Луѓето кои сакаат да не понижат, јас таквите ги сакам овие минати 40 години, само ме тераа да бидам подобар“, вели Червар.

И покрај оставката, тој вели дека нема да го напушти ракометот.

„Многу добро знаете дека на ЕП бевме најдобра репрезентација, но сега не бевме подготвени доволни. Дувњак имаше корона, па температура, не е тој робот. Карачиќ играше малку, Циндриќ и Степанчиќ ги нема. Мартиновиќ и Јагањац се таленти, но не можат да ја решат Данска. Можевме да играме само со млади играчи, да можат да се изградат. Ќе им порачам на клубовите и на ХРС да помагаат на клубовите да „извадат“ млади играчи. Сите очекуваат злато, тоа не е реално. Ни требаат клубови што ќе продуцираат нов Дувњак. Сакав да си заминам со подобар резултат. Но тоа е спортот, освоив се што може да се освои, сега е време да се спуштам на земја. Нема да го напуштам ракометот, стар сум но главата и понатаму ми работи“, заврши Червар.