Червар промени двајца играчи: Со Брозовиќ и Кевиќ против светскиот првак

Селекторот на Хрватска, Лино Червар, направи промена во составот за последниот дуел од главната рунда против светскиот првак Данска.

На местото на пикерот Марин Шипиќ и средниот бек Јосип Шарац, во ростерот влегуваат Илија Брозовиќ и Јанко Кевиќ.

Хрватска мора да ја победи Данска за да се пласира во четвртфиналето, но претходно Катар мора да слави над Аргентина.

Скандинавците имаат големи проблеми со играчи кои имаат стомачен вирус, па веројатно селекторот Николај Јакобсен нема да ризикува пред четвртфиналето и против Хрватска ќе играат оние со помала минутажа.