Цупара: Иако ја завршивме работата во Скопје, мора да бидеме сериозни против Вардар

Ракометарите на Веспрем победија со убедливи 14 погодоци на гостувањето кај Вардар во Скопје со 27-41 и се блиску до четвртфиналето.

Голманот на унгарскиот тим, Владимир Цупара вели дека мора и овој натпревар да се сфати сериозно

„Вардар е двократен европски првак, мора да биеме сериозни против нив, без оглед што ја завршивме работата минатата недела. Овој дуел ќе го искористиме како подготовка за Купот на Унгарија. Ќе играме сериозно против Вардар, сакаме да покажеме на нашите навивачи и на јавноста дека одиме на победа на секој меч во Лигата на шампионите“, вели Цупара.

Натпреварот меѓу Веспрем и Вардар се игра в четврток во „Веспрем Арена“ со почеток во 18:45 часот.