Црвена Ѕвезда донесе екс десен бек на Охрид – ќе има дуо од македонската Суперлига

Српскиот тим Црвена Ѕвезда новата сезона ќе ја стартува со големи амбиции и ќе се обиде да им помати сметките на водечкото трио Војводина, Металопластика и Партизан.

За таа цел тренерот Жикица Милосављевиќ ангажираше дури 11 нови ракометари, кои веќе ги започнаа подготовките со тимот.

Најзвучно име секако е Марко Крсманчиќ, кој дојде од австрискиот Алпла Хард, а на десната бековска позиција, српскиот тим ќе има две познати имиња.

Покрај Милош Лојаничиќ, кој во минатата полусезона играше за Радовиш, во Ѕвезда ќе игра и Лазар Петровиќ, екс играч на Охрид. Тој во минатите две сезони откако замина од Македонија беше дел од шведскиот Варберг.

Од Црвена Ѕвезда во Охрид замина десниот бек Алекса Милошевиќ.