Циндриќ ќе паузира две недели, нема да и помогне на Хрватска во клучните битки

Иако беше најавено дека Лука Циндриќ можеби ќе се врати во Египет за да и помогне на Хрватска во завршните натпревари од Светското првенство, сепак тоа нема да се случи.

Деталните лекарски прегледи во Барселона ја потврдиле претходната дијагноза, дека се работи за повреда на адукторот.

Поради тоа Циндриќ ќе мора да мирува во следните две недели и нема да може да отпатува на Мундијалот.

Но во хрватскиот ростер се врати Игор Карачиќ, тука е Домагоја Дувњак, па Лино Червар и без Циндриќ ќе има одлично дуо на плејмејкер.

Хрватска денеска игра против Аргентина и мора да победи доколку сака да остане во трка по четвртфиналето на СП.