Француски потоп за Алборг – Њокаси и Тото ги постигнаа сите 14 гола за Вардар во вториот дел

Тимот на Вардар славеше над европскиот вицепрвак Алборг со 30-28 во интересен натпревар од третото коло во Лигата на шампионите.

„Црвено-црниот“ тим во вториот дел го скрши отпорот на ривалот, и покрај одличниот Ристовски на голот, најзаслужни за триумфот беше француското трио – Кевин и Оливие Њокас, и Жереми Тото.

Тие тројцата ги постигнаа сите 14 погодоци за Вардар во второто полувреме – Тото даде пет, Оливие даде шест, додека Кевин постигна уште три.

Следен предизвик за Вардар во Лигата на шампионите ќе биде дуелот со францускиот Монпелје на 13 октомври.