Фленсбург ја доби драмата – со гол во последната секунда го реши шампионот Магдебург

Екипата на Фленсбург ја доби драмата против актуелниот германски шампион, тимот на Магдебург, откако со голот на Мадс Менса Ларсен славеше со 35:34 во натпревар од 6. коло од Бундес лигата.

За ракометарите на Магдебург, кои ја бранат освоената титула од претходната сезона, денешниот пораз беше прв за нив во новата сезона од Бундес лигата, додека Фленсбург ја забележа четвртата победа.

Фленсбург 59 минути беше во водство, имаше 17:13 на полувреме и при предност од 34:31 му дозволи на гостинот да израмни на 34:34 и да се бори за бод. Тоа беше прво и последно израмнување од страна на актуелниот шампион на Германија.

Мадс Менса Ларсен беше херојот на домаќините и со својот седми гол во последните секунди стави точка на големата драма.

Најефикасен во победничката екипа беше репрезентативецот на Данска, Емил Јакобсен, кој имаше одлична партија со 11 постигнати погодоци.