Фленсбург го чека пекол во Унгарија – Веспрем арената распродадена до последно место

Во дерби натпреварот од Лигата на шампионите во рамките од Групата Б, екипата на Веспрем на свој терен ќе го пречека Фленсбург пред исполнети трибини.

Од унгарскиот вицешампион соопштиjа дека билетите за натпреварот против Фленсбург се целосно распродадени. Тоа значи дека избраниците на Момир Илиќ ќе имаат поддршка од околу 5000 гледачи. За жал на овој натпревар ќе го нема Дејан Манасков, кој е повреден.

Натпреварот помеѓу Веспрем и Фленсбург ќе се одигра в четврток (21.10.2021) со почеток од 18:45 часот во Веспрем Арена.

Во досегашните дуели од Лигата на шампионите во оваа сезона, Веспрем забележа три победи и едно реми, додека екипата од Германија има три порази и нерешен резултат против ПСЖ.