Флензбург испушти плус девет, но ја спаси победата од ПСЖ

Во натпревар со две тотално различни полувремиња составот на Флензбург го доби дерби дуелот од Групата А во Лигата на шампионите со 28:27 против ПСЖ после големо надигрување.

Двата состави одработија интересна средба во која имаше многу интересни моменти. Добија по едно полувреме, а малку недостигаше да дојде и до поделба на пленот. Сепак, Буриќ беше играчот кој успеа да интервенира и да го спаси својот гол, а 16. интервенција беше за победа.

Флензбург имаше комплетна доминација во првото полувреме кога успеа да создаде огромна предност. Дојде до голем плус, а во последните пет минути од првиот дел беше направена разликата, па од 14:10 се дојде до 19:10 за на одмор да се замине со голема предност.

На почетокот на второто полувреме, ПСЖ беше со тројца ракометари во поле. Хансен беше исклучен на крајот од првиот дел, а на стартот на второто две минути доби Морос, додека потоа црвен заработи Нахи. Сепак, во тие моменти голманот Жерард беше одличен и не дозволи да биде совладан.

Предноста на Флензбург почна да се топи, па ПСЖ најде начин за да се врати во игра. Успеа да го намали големото заостанување и во 38. минута имаше негатива од пет гола. При 22:17 за домашните следуваа нови десет минути во кои предноста за Флензбург беше уште повеќе намалена. Се стигна до 23:21 (48 минута) и тука се влезе во интересен финиш.

На гол разлика се дојде во 56. минута кога тимот на Флензбург мораше да се спасува. Резултатот беше 27:26, па последните моменти од средбата беа тешки на двете страни. Флензбург на 28:27 не реализираше, но во последната секунда Буриќ одбрани за победа на тимот од Германија кој е најблизу до првата позиција во групата иако во моментов заостанува зад Келце, но има и три средби помалку.

Денеска Ване со 8, Готфридсон со седум и Согард со пет гола беа најефикасните во Флензбург. Голманот Буриќ имаше 16 интервенции. Голманите на гостинскиот тим Жерард и Генти имаа по шест одбрани, додека Микел Хансен со седум гола беше најефикасниот.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1КИЛ14102222
2АЛБОРГ1483319
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1481517
4КЕЛЦЕ1464416
5ППД ЗАГРЕБ1462614
6ПИК СЕГЕД1461713
7КОЛСТАД1451811
8ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1400140