Феникс без Ризоска до победа во Скопје

Екипите на Кузман Вардар и Феникс АМС одиграа интересна средба во поглед на развојот на резулатот кој им припадна на гостинките од Битола со 31:28. И двете екипи добија поедно полувреме, но решавачка беше подобрата игра на битолчанки во вторите 30 минути.

Од почетокот на средбата ракометарките на Кузман Вардар беа тие што го диктираа темпото и го имаа резултатот под контрола. Водеа со 11:7, но не успеаја да ги зачуваат овие плус четири. Место тоа му дозволија на противникот во завршниот дел од првото полувреме да дојде до приклучок и на одмор да се замине со гол негатива.

Во вториот дел Феникс успеа да ја презеде контролата на играта и брзо да се избори за плус три гола, 21:18 и 24:21. Потоа без поголеми проблеми разликата се одржуваше. Иако Кузман Вардар се обиде да се врати и дојде до гол негатива, не можеше повеќе од тоа бидејќи во завршницта гостинките имаа целосна контрола.

Иако беа без репрезентативката Ризоска на оваа средба успеаја да дојдат до три бода кои секако ќе значат многу за продолжението од сезоната.

КУЗМАН ВАРДАР – ФЕНИКС АМС          28:31 (16:15)

Сала: „Кочо Рацин“ во Скопје. Судии: Сања Божиновска и Адриана Здравковска од Скопје. Делегат: Ерик Белимов од Скопје.

КУЗМАН ВАРДАР: Ивановска, Буразер, Симоновска, Насковска, Ѓорѓиева 13, Додевска 5, Кириловска 1, Милевска, Ј. Ангеловска 3, Јовевска 4, А. Ангеловска 2, Стојановска, Атанасова, Петковска, Стојчевска

Седмерци: 6/7, Исклучувања: 10 мин.

ФЕНИКС АМС: Богоеска 1, Рујановска 3, Пашиќ 1, Лазаревска 3, Шиниковска 1, Талева 7, Корлевска 5, Илиевска 9, Анчевска 1, Стојановска.

Седмерци: 2/2, Исклучувања: 10 мин.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ19181055
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА19161249
3ЧАИР19161249
4КУМАНОВО19150445
5ВАРДАР19141443
6СТРУЖАНКА1991928
7ПЕЛИСТЕР 20121991928
8СКОПЈЕ19721023