Фантастичниот Митревски недоволен за Порто

Алборг и Порто одиграа многу неизвесен и возбудлив натпревар во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите. На крајот се радуваше тимот на Алборг кој после победата од 27:24 обезбеди пласман во четвртфиналето со повеќе постигнати голови во гости откако во првиот дуел загуби 29:32.

Порто одлично го започна натпреварот, и после шест минути водеше 0:3. Алборг имаше многу проблеми со реализацијата и првиот гол го постигна дури во седмата минута. Една од причините беше Никола Митревски кој бранеше фантастично.

Во продолжението домашниот тим успеа да се врати во игра и во 15. минута израмни на 4:4. До крајот на првото полувреме се играше многу израмнето, голманите на двете страни бранеа неверојатно, а на полувреме беше 10:9 за Алборг.

И во продлжението репрезентаивниот голман на Македонија беше фантастичен, бранеше зицери, а беше несовладлив и од седмерец. Но исто така и на спротивната страна Гаде го одржувашесвојот тим во игра за четвртфинале.

Во последните две минути Алборг влезе со водство од 26:23, во следниот напад Итуриза погоди за 26:24. Јенсен брзо резлизираше за резултат кој го води данскиот тим во четвртфинале. Порто имаше шанса да го елиминира Алборг, но не го реализираа последниот напад.

Најефикасен во екипта на Алборг беше Клар со шест погодоци, а голманот Гаде имаше 15 интервенции. Никола Митревски беше најдобар играч на Порто со 15 одбрани, а Итураза со шест гола беше прв стрелец во неговиот тим.