Уште пет кола и многу математика – Седум екипи се борат за три суперлигашки места

До крајот на сезоната остануваат уште пет кола, а толку се потребни и за одговорот на прашањето кои две екипи ќе обезбедат директен опстанок, како и кој состав ќе мора преку бараж да си го обезбеди местото во Супер лигата за следната сезона.

Според ситуацијата на табелата освен последнопласираниот Астраион од Струмица сите други екипи се во трка за местата кои носат суперлигашка позиција. Сите имаат свои шанси, а интересно е да се види како изгледа распоредот.

Тимот на Прилеп има тежок распоред што значи дека утре на гостувањето во Радовиш ќе биде одигран многу важен натпревар. Победникот на тој натпревар ќе биде во подобра позиција за 2. место на табелата.

Со оглед на забрзаниот ритам на играње до крајот на сезоната ќе биде навистина тешко, но во исто време и интересно, а многу подобро ќе може да се види кој тим има шанси за Супер лига и следната сезона откако ќе се одиграат средбите од 10. коло кое се игра утре и задутре.

Како што е познато првите две екипи на табелата во плеј-аутот ќе обезбедат директен опстанок. Дополнителна шанса ќе има за третопласираниот тим, кој ќе мора во бараж со вторпласираниот од плеј-офот во Првата машка лига.

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-АУТ

КОЈ ПРОТИВ КОГО ДО КРАЈОТ

ГРК ТИКВЕШ (21 бод): Младост (д), Радовиш (д), КЛ 7 (г), Работнички (д), Прилеп (г)

ПРИЛЕП (18): Радовиш (г), Јуниор КВ (г), Астраион (д), Младост (г), ГРК Тиквеш (д)

РАДОВИШ (15): Прилеп (д), ГРК Тиквеш (г), Јуниор КВ (г), КЛ 7 (г), Астраион (д)

КЛ 7 (15): Астраион (д), Младост (г), ГРК Тиквеш (д), Радовиш (д), Работнички (г)

ЈУНИОР КВ (13): Работнички (г), Прилеп (д), Радовиш (г), Астраион (г), Младост (д)

МЛАДОСТ (13): Тиквеш (г), КЛ 7(д), Работнички (г), Прилеп (д), Јуниор КВ (г)

РАБОТНИЧКИ (12): Јуниор КВ (д), Астраион (д), Младост (д), ГРК Тиквеш (г), КЛ 7 (д)

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ПРИЛЕП541015
2ВАРДАР НЕГОТИНО540112
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2530212
4МРК КУМАНОВО531111
5МУЛТИЕСЕНС530210
6ГОЛДЕН АРТ51046
7СКОПЈЕ 202051043
8АЕРОДРОМ50052