Уште едно првенство во Европа нема да добие шампион сезонава

Голем број на федерации низ Европа донесоа одлуки националните првенства да ги прогласат за завршени. Откако Швајцарија го прекина првенството без освојувач на титулата, уште една федерација донесе иста одлука.

Сезонава во Холандија нема да има победник на првенството како резултат на пандемијата со корона вирус. Освен што нема да има шампион, нема ниту да има испаѓање од лигата, а ниту нови екипи за наредната сезона.

Пласман во европските натпреврувања ќе обезбедат екипите според моменталниот редослед на табелата. Во машка конкуренција на првата позиција заврши Квинтус, додека во женска конкуренција Амстердам беше прв по главната рунда.

Уште голем број национални федерации размислуваат во иста насока. Многу ракометари порачуваат дека најдобро решение за првенствата е да завршат без победник. Франција означи крај на сите лиги освен најдобрите, исто така и Белгија означи крај, а БиХ е на пат да го стори истото.