Уште една убедлива победа на прволигашкиот лидер во плеј-офот

Прволигашкиот лидер тимот на Алкалоид запиша уште една убедлива победа против претпоследнопласираниот тим на табелата Јехона со 20:46. Со оваа победа Алкалоид доаѓа до 43 бода на врвот на табелата, пред Голден Арт кој има 34 и натпревар помалку. Јехона останува само пред Работнички на табелата со шест освоени бодови.

Од самиот почеток на натпреварот Алкалоид не дозволи шанса противникот да се понадева барем малку на изненадување доминираше и од првата до последната минута. Натпреварот беше отворен со серија од 0:4, а потоа следуваа и уште неколку серии за убедливо водство уште во првото полувреме. На пауза гостинскиот состав замиан со предност 11:22.

Каде одат бодовите беше јасно уште тогаш, па до крајот прашањето беше само колку голови ќе постигне Алкалоид и со колкава разлика ќе слави. На крајот конечниот резултат гласеше

Теодор Тодески и Михајло Костески беа најефикасните во Алкалоид со осум гола.Со шест гола најрасположен во Јехона беше Стефан Бошковски.